Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан изутринава имаше средба со премиерот Емил Димитриев, пред учеството на денешниот министерски состанок за Западен Балкан, што се одржува во Скопје, а чијшто домаќин е македонското Министерство за надворешни работи.
Во македонската влада еврокомесарот Хан претпладнево присуствуваше на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан, по што ќе учествува на министерскиот состанок во МНР.
На маргините на министерскиот состанок за Западен Балкан, Хан ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.
Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, на Беса, Билал Касами, и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст