| четврток, 6 декември 2018 |

Хан ги почна средбите во Скопје (Фото)

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан изутринава имаше средба со премиерот Емил Димитриев, пред учеството на денешниот министерски состанок за Западен Балкан, што се одржува во Скопје, а чијшто домаќин е македонското Министерство за надворешни работи.

Во македонската влада еврокомесарот Хан претпладнево присуствуваше на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан, по што  ќе учествува на министерскиот состанок во МНР.

dimitriev-640x449

На маргините на министерскиот состанок за Западен Балкан, Хан ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.

dimitriev.jpeg1_-640x341

Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, на Беса, Билал Касами, и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

pesevski.jpg1_

На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.

pesevski.jpg4_-640x402

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top