Тоа жешко и правливо мајско утро во Багдад во 2009 година, тогаш 22-годишниот американски војник Бредли Менинг реши на светот да му фи открие доверливите тајни на САД, со чија политика и дела не се согласувал.
Благодарение на него, „Викиликс” објави најголема збирка на доверливи документи кои некогаш протекле во јавноста. Меѓу нив се 250.000 американски тајни телеграми и уште половина милион воени документи кои во светот станаа познати како „Воените дневници од Ирак и Авганистан”.
По речиси 10 години, од кои девет ги мина зад решетки во американскиот затвор Форт Левенворт, во неговиот живот се случија многу работи.
Пред се, Бредли го промени полот и станал Челси. Неколку пати Челси поради енормен притисок се обидела да изврши самоубиство во затворот.
Јавноста беше поделена: едната страна сметаше дека е предавник, обвинувајќи дека овие објави биле катализатор поради кој почнала „Арапската пролет“, а потоа и хаосот на Блискиот Исток.
Другата страна, сепак смета дека е „херој кој на светот му ги откри воените злосторства”, кои американските војници ги извршиле во Ирак и Авганистан, како нападот на Багдад.
Исто така, благодарение на Менинг јавноста дозна за масакрот во Гранаја, кога американската војска ликвидирала од 86 до 147 авганистански цивили.
Трети се прашуваа како воопшто било можно еден несреќен, психички нестабилен млад аналитичар заробен во туѓо тело да дојде до најчувствителните државни тајни и да ги пушти во јавност.
Американскиот суд немаше милост и го осудил Менинг на 35 години затвор. Трансексуалниот војник, кој поради својот став дека јавноста има право да знае се за војните на планетава, го жртвуваше сопствениот живот, можеби ќе биде пуштен на слобода многу побрзо.
По силните јавни апели, отворени писма, кои ги потпишаа стотици академици и јавни личности Челси да биде пуштена на слобода, поранешниот претседател на САД Барак Обама, реши на самиот крај на својот мандат да ја помилува Менинг.
Така, Челси на слобода ќе излезе во мај, а за тој епилог можеби најмногу може да му заблагодари на Џулијан Асанж, кој вети дека ќе се предаде ако таа биде ослободена.
Славјето и според многумина праведната одлука би можело да ја измени Доналд Трамп, кој најави дека ќе ја поништи одлуката на Обама.
Челси, Асанж и сите тие на кои вистината и транспарентноста им се на прво место се надеваат дека новиот претседател сепак ќе се предомисли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.