| четврток, 6 декември 2018 |

Заев молчи за албанската платформа, а прв се заложи за двојазичност

ZAEV-S

– Се додека не ја добиеме официјално, нема да коментираме ништо, ова беше одговорот од СДСМ на прашањето на „Дневник“ поставено на почетокот на јануари за тоа како ја коментираат платформата што албанските партии ја креираа под диригентската палка на премиерот на Албанија – Еди Рама. Иако сега седат на преговарачка маса со ДУИ во обид да се договорат за шансите за идна владина коалиција и платформата им е предочена во детали, раководството од „Бихаксќа“ упорно избегнува да и го каже на јавноста својот став. Тогаш беа децидни дека кога платформата лично ќе им биде доставена, ќе се изјаснат, пишува Дневник.

– Ние не сме ја добиле платформата официјално, кога ќе ни биде доставена лично, ќе соопштиме која е нашата одлука, односно процена, засега не коментираме повеќе, одговориле од СДСМ на 9 јануари.

И вчера од партијата не дале одговор за Дневник на истото прашање. Во меѓувреме ДУИ, односно шефот на кабинетот на претседателот, Артан Груби, излезе со информација дека ако СДСМ ја прифати платформата, вклучително и официјализирањето на албанскиот јазик, нема да има пречки за формирање мнозинство неопходно за нова влада.

Со други зборови, прашањата се на маса, но зошто СДСМ молчи за платформата, кога нејзините позиции во однос на двојазичноста се јасни уште од пред почетокот на предизборната кампања. Тогаш првиот човек Зоран Заев, за време на посетата на дијаспората во Швајцарија, јасно и гласно кажа дека албанскиот треба да биде службен јазик, како и дека Македонија треба да е Швајцарија на Балканот.

Подоцна, за време на кампањата, упорно повторуваше дека албански треба да се зборува секаде на територијата на земјава, без разлика дали во одредени општини живеат малцинство или воопшто не живеат луѓе од албанската етничка заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top