Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 10 февруари 2017 година, ќе читате:
По наредба на Заев
СЈО во специјална војна против ВМРО-ДПМНЕ
Специјалното јавно обвинителство влегува во специјална директна пресметка со ВМРО-ДПМНЕ, откако стана очигледно дека се намалуваат шансите Зоран Заев да го реализира тоа што го вети во замена за изборниот инженеринг. За да бидат работите уште почисти, ваквиот чекор на СЈО беше најавен од „Република“ уште пред да почне офанзивата на тимот на Катица Јанева.
Тимот на Катица Јанева оваа недела само од Охрид повикала повеќе од 200 лица на распит, поврзано со истрага за донациите во партијата. Меѓу нив се вработени во полицијата, во подрачните единици на министерствата и на други државни институции во Охрид. Во СЈО биле поканети на распит и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои, пак, никогаш немале извршни функции.
Информациите на „Република“ претходно укажаа дека следува период што ќе биде обележан со спектакли на Специјалното обвинителство, со цел повторно да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и, преку известувањата на медиумите што се во директна врска со СДСМ и во финансиска поврзаност со Сорос, да се намали притисокот врз лидерот на СДСМ Зоран Заев од јавноста не само за неуспехот на изборите, туку и спроти преговорите за формирање влада со прифаќање на сеалбанската платформа.
Ако сака влада, Заев ќе мора да потврди:
350.000 Македонци гласаа за албанската платформа
Во екот на меѓупартиските пазарења за формирање парламентарно мнозинство слушнавме разни пораки и анализи, но не и тоа што сите го очекуваме – конкретни одлуки. Во бурата од информации во медиумите, сепак, највпечатлив е молкот на загубениот Зоран Заев, кој вака набиен в ќош ќе мора да излезе од глувчешката дупка за да се изјасни дали ја прифаќа платформата на албанските партии. Или, со други зборови, ќе мора јасно и гласно да каже кого лажеше во изборната кампања – албанските гласачи на кои им го ветуваше ова што сега го ставија на маса ДУИ, Беса и Алијансата или македонските гласачи на кои им тврдеше дека обвинувањата за целосна двојазичност и федерализација на државата се измислици на медиумите.
Ситуацијата иако, во принцип, е многу сложена, може многу едноставно да се опише и тоа во само една реченица: СДСМ ќе може да се надева на мандат само ако се изјасни за платформата на албанските партии.
Интервју, Драги Арсов
Македонија ќе опстои и покрај сите предавства
Кликата на СДСМ предводена од Глигоров, С. Андов и од Бранко Црвенковски целосно ја уништи иднината на Македонија – го смени знамето, го уништи стопанството со приватизацијата за на крај Македонија да стане заедница на етничките заедници. Жив срам од кој тешко можеме да се ослободиме. Згора на тоа, СДСМ и натаму со странските платеници ја урива Македонија. Нивни сојузници се Соросовите платеници, странските амбасадори и шарената револуција. На сите најголема пречка им е идентитетот на Македонија. Без промена на идентитетот нема влез во НАТО и во ЕУ. Тоа го сакаат од надвор, тоа го сака СДСМ однатре. Кој ќе победи? Дали СДСМ и неговите сојузници од надвор или партијата ВМРО-ДПМНЕ, која за сојузник го има народот. Последните избори покажаа дека победник е ВМРО-ДПМНЕ. Ќе додадеме: тоа што го сака народот никој не може да го оспори. Македонија мора да опстои во борбата за својот опстанок. Тоа што го сака народот, го сака и партијата ВМРО-ДПМНЕ, вели Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието на РМ и потписник на Декларацијата за независност, во интервју за неделникот Република.
Очаен крик на полтроните
„Интелектуалците“ на СДСМ во одбрана на парите од грантовите
„Аман амбасадори, држете, не давајте. Не даваме да ни ги чепкаат спонзорите, отворени сме четири прсти, ќе кодошиме, ќе работиме и натаму против Македонија. Проверено е! Само не секнувајте ги грантовите и помошта за нас и за нашите СДСМ и Беса. Аман!“ Вака, најверојатно, би гласело искреното писмо од „интелектуалците“ до ЕУ и до САД. Сепак, најмногу загрижува бројот. Па нели само 23 лица се потпишаа?! Ма дајте бре луѓе. Има стотици други што заслужуваат да бидат таму. Барем полтрони не ни недостигаат. За нивна среќа, ги засенија „невладините“ плачковци. Очајнички крикови на Македончиња на кои СОС им „брцна“ в око или, поверојатно, во медот. Од „пчеларот“ Сорос. Па, ако може да биде филантроп, чуму не и пчелар. Второто е поверојатно…
Колумна, Горан Момироски
Македонија никогаш послаба, а ќе решава стратегиски прашања
Пораките што деновиве ни дојдоа во изворна форма од Брисел и од Вашингтон јасно ја покажуваат ситуацијата во која се наоѓа Македонија 26 години по својата независност. Изјавата на портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, дека ЕУ бара широка коалиција за да, меѓу другите прашања, се реши и името и небулозите на американскиот конгресмен Дејна Рорабахер, кој тврди дека Македонија не е држава и треба да се подели, се закана, односно мизансцена во која Македонија треба да прифати други, навидум, полесни барања. Дали за Вашингтон и за Брисел разумниот компромис во ситуација кога налудничавиот руски лобист бара поделба на земјата, а Брисел најавува промена на македонскиот идентитет е државотворност за Албанците во Македонија и де факто федерализација? Дури и Коцијанчич и Рорабахер да не се на иста линија, дури и Брисел да има искрени намери, впечатокот е дека на Македонија се врши невиден притисок, кој во најмала рака треба да заврши со некаков компромис. Освен темелни реформи според препораките на Прибе, секој друг компромис што навлегува во унитарноста и во уставните принципи ќе биде катастрофален за Македонците и за другите граѓани.
Колумна, Љупчо Пренџов
Платформата пред Троја
На Европа ѝ се брза, по цена и на широка коалиција, но забораваат дека на овие избори има и победници и поразени. Дека на овие избори граѓаните гласаа за програми и визии за Македонија, а денес имаме обичен пазар за некоја платформа која не ни постоеше за време на изборите и која ни ја изработија екстериторијално, во соседните држави, а граѓаните од Република Македонија не се ни изјаснија што мислат за неа. Со еден збор, колку и да ни изгледа дека е арогантно и пречувствително, можеби Жбогар ја зборува и вистината: „Дај формирајте влада што поскоро, да не му текне на уште некој сосед, Данаец или Тројанец, да ви скрои уште некоја платформа или, не дај боже, мапа, па дури тогаш да влезете во бескрајни преговори не само за влада, туку и за унитарноста, идентитетот, па и за опстанокот на државата“.
Колумна, Ацо Станковски
Магарешки концерт
Еден мој стар пријател и соборец, антиглобалист, при нашата последна средба ми рече: „Кога ќе си оди амбасадорот Бејли од Македонија, ќе ангажирам оркестар од трубачи и ќе го испратиме со музика“.
– Браво! Така е најдобро, но да не биде погрешно протолкувано од јавноста, а и од нашите американски пријатели?
– Се шегуваш?! Тоа само ќе го зголеми интересот за случајот со овој американски амбасадор во Македонија, кој сега ги полни медиумите во нашите две пријателски земји. Сега, кога Трамп ги презема командите на САД и почнува да ја редефинира американската надворешна политика по старите добри принципи, кои важат уште од почетокот на постоењето – „непријателот на мојот непријател е мојот пријател“, оваа мала музичка претстава може да биде само една убава вишна на шлагот.
Двоглед
СЈО го презема случајот „Кенеди“
Специјалното јавно обвинителство од американската разузнавачка агенција ЦИА ја побарала документацијата за убиството на американскиот претседател Џон Кенеди. Според Јанева, СЈО има основано сомнение дека убиецот Ли Харви Освалд имал членска книшка од ВМРО.
Според информациите во медиумите во Америка, Јанева застанала пред вратата на авионот што слетал на аеродромот во Вирџинија и свикала „отвори, отвори“. Потоа се упатила кон излезот од аеродромот каде што на вратата на фотоќелија, исто така, ѝ заповедала да се отвори при што таа се отворила и Јанева свикала прес-конференција за да посведочат сите за големото чудо, моќ и авторитет што ги демонстрирала во Америка.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст