| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од утре, 10 февруари 2017 година, ќе читате:

naslovna_REPUBLIKA-br232-520px

По наредба на Заев

СЈО во специјална војна против ВМРО-ДПМНЕ

Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво вле­гу­ва во спе­ци­јал­на ди­рект­на прес­ме­тка со ВМРО-ДПМНЕ, отка­ко ста­на очиг­лед­но де­ка се на­ма­лу­ва­ат шан­си­те Зо­ран За­ев да го ре­а­ли­зи­ра тоа што го ве­ти во за­ме­на за из­бор­ни­от ин­же­не­ринг. За да би­дат ра­бо­ти­те уште по­чи­сти, ва­кви­от че­кор на СЈО бе­ше нај­а­вен од „Ре­пуб­ли­ка“ уште пред да поч­не офан­зи­ва­та на ти­мот на Ка­ти­ца Ја­не­ва.

Ти­мот на Ка­ти­ца Ја­не­ва оваа не­де­ла са­мо од Охрид по­ви­ка­ла по­ве­ќе од 200 ли­ца на рас­пит, по­вр­за­но со истра­га за до­на­ци­и­те во пар­ти­ја­та. Ме­ѓу нив се  вра­бо­те­ни во по­ли­ци­ја­та, во по­драч­ни­те еди­ни­ци на ми­ни­стерс­тва­та и на дру­ги др­жав­ни ин­сти­ту­ции во Охрид. Во СЈО би­ле по­ка­не­ти на рас­пит и пар­ти­ски функ­ци­о­не­ри на ВМРО-ДПМНЕ, кои, пак, ни­ко­гаш не­ма­ле из­врш­ни функ­ции.

Ин­фор­ма­ци­и­те на „Ре­пуб­ли­ка“ прет­ход­но ука­жаа де­ка сле­ду­ва пер­и­од што ќе би­де обе­ле­жан со спе­ктак­ли на Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, со цел по­втор­но да се оцр­ни ВМРО-ДПМНЕ и, пре­ку из­ве­сту­ва­ња­та на ме­ди­у­ми­те што се во ди­рект­на вр­ска со СДСМ и во фи­нан­си­ска по­вр­за­ност со Со­рос, да се на­ма­ли при­ти­со­кот врз ли­де­рот на СДСМ Зо­ран За­ев од јав­но­ста не са­мо за не­ус­пе­хот на из­бо­ри­те, ту­ку и  спро­ти пре­го­во­ри­те за фор­ми­ра­ње вла­да со при­фа­ќа­ње на се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма.

 

Ако сака влада, Заев ќе мора да потврди:

350.000 Македонци гласаа за албанската платформа

Во екот на ме­ѓу­пар­ти­ски­те па­за­ре­ња за фор­ми­ра­ње пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво слуш­нав­ме раз­ни по­ра­ки и ана­ли­зи, но не и тоа што си­те го оче­ку­ва­ме – кон­крет­ни од­лу­ки. Во бу­ра­та од ин­фор­ма­ции во ме­ди­у­ми­те, се­пак, најв­пе­чат­лив е мол­кот на за­гу­бе­ни­от Зо­ран За­ев, кој ва­ка на­би­ен в ќош ќе мо­ра да из­ле­зе од глув­че­шка­та дуп­ка за да се из­јас­ни да­ли ја при­фа­ќа пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии. Или, со дру­ги збо­ро­ви, ќе мо­ра јас­но и глас­но да ка­же ко­го ла­же­ше во из­бор­на­та кам­па­ња – ал­бан­ски­те гла­са­чи на кои им го ве­ту­ва­ше ова што се­га го ста­ви­ја на ма­са ДУИ, Бе­са и Али­јан­са­та или ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи на кои им твр­де­ше де­ка об­ви­ну­ва­ња­та за це­лос­на дво­ја­зич­ност и фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та се из­мис­ли­ци на ме­ди­у­ми­те.

Си­ту­а­ци­ја­та иа­ко, во прин­цип, е мно­гу сло­же­на, мо­же мно­гу ед­но­став­но да се опи­ше и тоа во са­мо ед­на ре­че­ни­ца: СДСМ ќе мо­же да се на­де­ва на ман­дат са­мо ако се из­јас­ни за пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии.

 

Интервју, Драги Арсов

Македонија ќе опстои и покрај сите предавства

Кли­ка­та на СДСМ пред­во­де­на од Гли­го­ров, С. Ан­дов и од Бран­ко Цр­вен­ков­ски це­лос­но ја уни­шти ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја – го сме­ни зна­ме­то, го уни­шти сто­панс­тво­то со при­ва­ти­за­ци­ја­та за на крај Ма­ке­до­ни­ја да ста­не за­ед­ни­ца на ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци. Жив срам од кој те­шко мо­же­ме да се ос­ло­бо­ди­ме. Зго­ра на тоа, СДСМ и на­та­му со стран­ски­те пла­те­ни­ци ја ури­ва Ма­ке­до­ни­ја. Нив­ни со­јуз­ни­ци се Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци, стран­ски­те ам­ба­са­до­ри и ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја. На си­те нај­го­ле­ма преч­ка им е иден­ти­те­тот на Ма­ке­до­ни­ја. Без про­ме­на на иден­ти­те­тот не­ма влез во НАТО и во ЕУ. Тоа го са­ка­ат од над­вор, тоа го са­ка СДСМ од­на­тре. Кој ќе по­бе­ди? Да­ли СДСМ и не­го­ви­те со­јуз­ни­ци од над­вор или пар­ти­ја­та ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја за со­јуз­ник го има на­ро­дот. Пос­лед­ни­те из­бо­ри по­ка­жаа де­ка по­бед­ник е ВМРО-ДПМНЕ. Ќе до­да­де­ме: тоа што го са­ка на­ро­дот ни­кој не мо­же да го ос­по­ри. Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да оп­стои во бор­ба­та за сво­јот оп­ста­нок. Тоа што го са­ка на­ро­дот, го са­ка и пар­ти­ја­та ВМРО-ДПМНЕ, вели Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието на РМ и потписник на Декларацијата за независност, во интервју за неделникот Република.

 

Очаен крик на полтроните

„Интелектуалците“ на СДСМ во одбрана на парите од грантовите

„Аман ам­ба­са­до­ри, др­же­те, не да­вај­те. Не да­ва­ме да ни ги чеп­ка­ат спон­зо­ри­те, отво­ре­ни сме че­ти­ри пр­сти, ќе ко­до­ши­ме, ќе ра­бо­ти­ме и на­та­му про­тив Ма­ке­до­ни­ја. Про­ве­ре­но е! Са­мо не сек­ну­вај­те ги гран­то­ви­те и по­мо­шта за нас и за на­ши­те СДСМ и Бе­са. Аман!“ Ва­ка, нај­ве­ро­јат­но, би гла­се­ло искре­но­то пис­мо од „ин­те­ле­кту­ал­ци­те“ до ЕУ и до САД. Се­пак, најм­но­гу за­гри­жу­ва бро­јот. Па не­ли са­мо 23 ли­ца се пот­пи­шаа?! Ма дај­те бре лу­ѓе. Има сто­ти­ци дру­ги што зас­лу­жу­ва­ат да би­дат та­му. Ба­рем пол­тро­ни не  ни не­до­сти­га­ат. За нив­на сре­ќа, ги за­се­ни­ја „нев­ла­ди­ни­те“ плач­ков­ци. Очај­нич­ки кри­ко­ви на Ма­ке­дон­чи­ња на кои СОС им „брц­на“ в око или, по­ве­ро­јат­но, во ме­дот. Од „пче­ла­рот“ Со­рос. Па, ако мо­же да би­де фи­лан­троп, чу­му не и пче­лар. Вто­ро­то е по­ве­ро­јат­но…

 

Колумна, Горан Момироски

Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш пос­ла­ба, а ќе ре­ша­ва стра­те­ги­ски пра­ша­ња

По­ра­ки­те што де­но­ви­ве ни дој­доа во из­вор­на фор­ма од Бри­сел и од Ва­шин­гтон јас­но ја по­ка­жу­ва­ат си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа Ма­ке­до­ни­ја 26 го­ди­ни по сво­ја­та не­за­вис­ност. Из­ја­ва­та на порт­па­рол­ка­та на ЕК, Ма­ја Ко­ци­јан­чич, де­ка ЕУ ба­ра ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја за да, ме­ѓу дру­ги­те пра­ша­ња, се ре­ши и име­то и не­бу­ло­зи­те на аме­ри­кан­ски­от кон­грес­мен Деј­на Ро­ра­ба­хер, кој твр­ди де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е др­жа­ва и тре­ба да се по­де­ли, се за­ка­на, од­нос­но ми­занс­це­на во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да при­фа­ти дру­ги, на­ви­дум, по­лес­ни ба­ра­ња. Да­ли за Ва­шин­гтон и за Бри­сел раз­ум­ни­от ком­про­мис во си­ту­а­ци­ја ко­га на­луд­ни­ча­ви­от ру­ски ло­бист ба­ра по­дел­ба на зем­ја­та, а Бри­сел нај­а­ву­ва про­ме­на на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет е др­жа­во­твор­ност за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја и де фа­кто фе­де­ра­ли­за­ци­ја? Ду­ри и Ко­ци­јан­чич и Ро­ра­ба­хер да не се на иста ли­ни­ја, ду­ри и Бри­сел да има искре­ни на­ме­ри, впе­ча­то­кот е де­ка на Ма­ке­до­ни­ја се вр­ши не­ви­ден при­ти­сок, кој во нај­ма­ла ра­ка тре­ба да за­вр­ши со не­ка­ков ком­про­мис. Освен те­мел­ни ре­фор­ми спо­ред пре­по­ра­ки­те на При­бе, се­кој друг ком­про­мис што нав­ле­гу­ва во уни­тар­но­ста и во устав­ни­те прин­ци­пи ќе би­де ка­та­стро­фа­лен за Ма­ке­дон­ци­те и за дру­ги­те гра­ѓа­ни.

 

Колумна, Љупчо Пренџов

Пла­тфор­ма­та пред Тро­ја

На Евро­па ѝ се бр­за, по це­на и на ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја, но за­бо­ра­ва­ат де­ка на овие из­бо­ри има и по­бед­ни­ци и по­ра­зе­ни. Де­ка на овие из­бо­ри гра­ѓа­ни­те гла­саа за про­гра­ми и ви­зии за Ма­ке­до­ни­ја, а де­нес има­ме оби­чен па­зар за не­ко­ја пла­тфор­ма ко­ја не ни по­сто­е­ше за вре­ме на из­бо­ри­те и ко­ја ни ја изра­бо­ти­ја ек­сте­ри­то­ри­јал­но, во со­сед­ни­те др­жа­ви, а гра­ѓа­ни­те од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја не се ни из­јас­ни­ја што мис­лат за неа. Со еден збор, кол­ку и да ни изг­ле­да де­ка е аро­гант­но и пре­чув­стви­тел­но, мо­же­би Жбо­гар ја збо­ру­ва и ви­сти­на­та: „Дај фор­ми­рај­те  вла­да што по­ско­ро, да не му тек­не на уште не­кој со­сед, Да­на­ец или Тро­ја­нец, да ви скрои уште не­ко­ја пла­тфор­ма или, не дај бо­же, ма­па, па ду­ри то­гаш да вле­зе­те во бе­скрај­ни пре­го­во­ри не са­мо за вла­да, ту­ку и за уни­тар­но­ста, иден­ти­те­тот, па и за оп­ста­но­кот на др­жа­ва­та“.

 

Колумна, Ацо Станковски

Магарешки концерт

Еден мој стар пријател и соборец, антиглобалист, при нашата последна средба ми рече:  „Кога ќе си оди амбасадорот Бејли од Македонија, ќе ангажирам оркестар од трубачи и ќе го испратиме со музика“.

– Браво! Така е најдобро, но да не биде погрешно протолкувано од јавноста, а и од нашите американски пријатели?

– Се шегуваш?! Тоа само ќе го зголеми интересот за случајот со овој американски амбасадор во Македонија, кој сега ги полни медиумите во нашите две пријателски земји. Сега, кога Трамп ги презема командите на САД и почнува да ја редефинира американската надворешна политика по старите добри принципи, кои важат уште од почетокот на постоењето – „непријателот на мојот непријател е мојот пријател“, оваа мала музичка претстава може да биде само една убава вишна на шлагот.

 

Двоглед

СЈО го пре­зе­ма слу­ча­јот Ке­не­ди

Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво од аме­ри­кан­ска­та раз­уз­на­вач­ка аген­ци­ја ЦИА ја по­ба­ра­ла до­ку­мен­та­ци­ја­та за убис­тво­то на аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Џон Ке­не­ди. Спо­ред Ја­не­ва, СЈО има ос­но­ва­но сом­не­ние де­ка уби­е­цот Ли Хар­ви Освалд имал член­ска кни­шка од ВМРО.

Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те во ме­ди­у­ми­те во Аме­ри­ка, Ја­не­ва за­ста­на­ла пред вра­та­та на ави­о­нот што сле­тал на ае­ро­дро­мот во Вир­џи­ни­ја и сви­ка­ла „отво­ри, отво­ри“. По­тоа се упа­ти­ла кон из­ле­зот од ае­ро­дро­мот ка­де што на вра­та­та на фо­то­ќе­ли­ја, исто та­ка, ѝ за­по­ве­да­ла да се отво­ри при што таа се отво­ри­ла и Ја­не­ва сви­ка­ла прес-кон­фе­рен­ци­ја за да по­све­до­чат си­те за го­ле­мо­то чу­до, моќ и авто­ри­тет што ги де­мон­стри­ра­ла во Аме­ри­ка.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top