Пејачката Дара Бубамара ја потера малер оваа година, па пред неколку денови на настап и го украле мобилниот телефон.
Тоа не би ја вознемирило многу Дара, дококу во него не се наоѓаат бројни експлицитни снимки, фотографии и пораки кои ги разменувала со момчето. Како телефонот истиот момент бил исклучен, пејачката е во паника.
Таа со денови е надвор од себе бидејќи е свесна дека материјалот од телефонот може да се појави во јавност, што за неа би било целосно фијаско.
-Се се случило за време на еден настап во Словенија. Украден и е само приватниот телефон преполн со нејзини експлицитни фотографии. Дара признала дека ја боли уво за телефонот, туку е загрижена содржината од него да не исплива во јавност. Низ солзи признала дека во него има нејзини голи фотографии и снимки кои му ги праќала на Душан, додека биле далеку. Го молеше Бога крадецот да и се јави, за да му плати како содржината од телефонот не би испливала и стигнала до медиумите – објаснува извор близок на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.