| четврток, 6 декември 2018 |

Како сами да направите здрави мусли

Направете сами домашно мусли од состојките кои ќе направат многу за вашето здравје и мускулите.

Клучни состојки на овој рецепт се лененото семе кое го подобрува здравјето на срцето и пченичните никулци кои исто така се добри за срцето, но и за простата.

Помешано со млеко или јогурт, ова домашно мусли ќе биде совршен избор за здрав појдок, во кој не треба да се сомневате како што се сомневате во купечките.

Состојки

– 3 шолји овесни снегулки

– ½ шолја несолени печени бадеми

– 3 лажици ленено семе

– 1 лажица цимет

– 1 шолја пченични никулци

– 3 лажици мед

– 1 шолја вода

– 3 лажици сушени брусници

– 3 лажици сецкани урми

– 2 лажици суво грозје

Подоготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Во поголема чинија помешајте ги сите состојки освен брусницата, урмите и сувото грозје и ставете ги на тава распоредувајќи ги рамномерно.

Печете 90 минути, мешајки на секои 15 минути се додека не добијат кафена боја и додека не станат крцкави. Доколку по 90 минути сеуште не се крцкави, продолжете го печењето за уште 15 минути со редовна проверка.

Извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат.

Додадете ги брусницата, урмите и сувото грозје и убаво помешајте. Складирајте ги во стаклен сад со капак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top