| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Рен од 500 членови на заедничка фотографија

Повеќе од 500 членови на семејството Рен од кинескатапровинција Џеѓанг позираат за заедничка фотографија, која морало да се сними со дрон за да може сите да ги собере во кадарот, објави Би-Би-Си.

Фотографијата на семејството од селото Шишe од источната кинеска провинција ја снимил фотографот Жанг Лијангзонг со дрон.

Ren-f1

Семејнотостебло на Ренови може да се следи 851 година наназад, но не е дополнувано повеќе од 80 години. Кога почнале да го дополнуваат стеблото, селските старешини успеале да евидентираат најмалку 2.000 живи потомци распоредени во седум генерации.

На семејниот собир на Ренови за Кинеската нова година се појавиле малку повеќе од 500 членови, па така настанала и оваа фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top