Кошаркарите на Сан Антонио спарс се на една победа до големото финале на НБА-лигата, по третиот триумф против Мемфис гризлис, втора по пролженија. Мамузите славеа на гостински терен со 103-94 и водат со 3-0 во финалето на западната конференција.
Домашните кошаркари имаат за што да жалат, ако се земе во предвид нивното извонредно издание во првата четвртина, што Мемфис ја доби со убедливи 29-13. Имаа и огромна предност од 18 поени, но искусниот состав на Сан Антонио успеа да се врати во мечот и повторно да победи. Во регуларниот дел натпреварот заврши 86-86.
Тони Паркер со 26 поени беше најефикасен кај Сан Антонио. Тим Данкан оствари дабл дабл од 24 поени и 10 скокови, додека Ману Џинобили беше стрелец на 19 поени. Мајк Конли со 20 поени го предводеше Мемфис, а најдобриот дефанзивец во Лигата Марк Гасол забележа 16 поени со 14 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.