| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка меѓу средношколци по турнир во фудбал, повредени пет деца

Вчеравечер во 19.00 часот во ЕИК Скопје е пријавено дека истиот ден со почеток од 13.00 часот во средното училиште „Зефљуш Марку“ се одржал турнир во фудбал на ниво на средни училишта од Скопје.

Во периодот од 13.00 до 14.00 часот играле  СДУ „Илинден“ со СДУ „Боро Петрушевски“. Околу 15.30 часот учениците од СДУ “Илинден“ отишле на последна автобуска постојка на бр.9 и тогаш им пришла група од околу 30-тина лица, поголемиот дел ученици во СДУ „Боро Петрушевски“, кои употребувајќи најразлични предмети ги нападнале учениците од СДУ “Илинден“. Истите успеале да избегаат во угостителски објект кој се наоѓал во близина, од каде повикале такси и заминале во СДУ „Илинден“.

Петмина од вкупно девет ученици отишле кај директорот и го запознале со настанат, по што тој во 16.35 часот го пријавил во ЕИК Скопје. Учениците кои се стекнале со повреди, од кај директорот се упатиле ГОБ „Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.

Кај лицата Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top