| четврток, 6 декември 2018 |

Детски викенд во МОБ со „Операта на шумските животни“

Македонската опера и балет продолжува со востановената пректика за едукација на нашата најмлада популација преку т.н. Детски викенд. Во викендот сабота (11) и недела (12) на Малата сцена во МОБ ќе се изведе новата детска претстава насловена како „Операта на шумските животни“. Во сабота (11.02.) ќе биде изведена една претстава со почеток во 12 часот, додека во недела (12.02.)  две претстави од истиот наслов сo два термини за почеток, од 12 и од 13 и 30 часот..

Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ

Настапуваат: Лиска: Симона Петровски/Надежда Рубен, Меца: Марика Поповиќ/ Катерина Бошковска, Зајко: Јане Дунимаглоски /Дејан Стоев/Борко Биџоски, Буф: Невен Силјановски

На Малата сцена во МОБ, има ограничен број на места, па затоа ги повикуваме заинтересираните навреме да набават билети. Цената  на билетите е 150 ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top