Познатиот пејач Џорџ Мајкл почина на 25 декември, но семејството сѐ уште не знае кога ќе биде погребот.
Имено, како што пишува таблоидот „Сан“, аутопсијата првично не ги даде сите одговори, а резултатите од повторените токсиколошки испитувања направени веднаш потоа, се уште не се добиени. По се, изгледа дека на нив ќе се чека уште неколку недели.
– Резултатите би требало да бидат готови до крајот на месецов. Немаме нови информации, а според полицијата, смртта на Џорџ Мајкл е сомнителна, изјави неименуван извор за списанието.
Токсиколошките резултати треба да покажат дали во моментот на смртта на пејачот, во неговото тело имало лекови, наркотици или алкохол, кои можеби ја предизвикале неговата смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!