| четврток, 6 декември 2018 |

Ги исфрлиле од авионот затоа што зборувале на руски

Шест пријатели кои од Сан Диего летале на роденденска прослава во Лос Анџелес, биле симнати од летот на авиокомпанијата„Спирир Ерлајнс“ поради тоа што зборувале на руски, објавија американските медиуми.

Според Дмитриј Битман, од патниците на кои не им било дозволено продолжување на летот до посакуваната дестинација, изјавил дека групата разговарала меѓу себе за претстојната забава со нормален тон, можеби повисок кога некој од патниците ќе почнел да зборува. По десет минути, на имигрантите од Русија кои живеат во Сан Диего, во американската сојузна држава Калифорнија, им пришла стјуардеса и побарала да го напуштат салонот.

Сана и Дмитриј Битман за телевизискиот канал КГТВ изјавиле дека персоналот на авиокомпанијата ги отстранил нив и нивните четворица пријатели кога ги слушнале дека зборуваат на руски јазик. Како што рекол Битман, од компанијата им рекле дека стјуардесите се уплашиле од нив кога слушнале дека зборуваат на туѓ јазик.

Додал дека никој од персоналот не им пришол да ги предупреди дека зборуваат гласно или, пак, биле предупредени на друг начин, додека стјуардесите тврделе дека ги предупредиле преку звучникот. Еден од нивните пријатели, кој седел неколку реда подалеку од нив, го продолжил патувањето.

– Тие беа исфрлени од авионот зашто зборувале на руски. Тоа е толку јасно. Тоа не е законски – изјавил за KGTV, нивниот адвокат Даниел Петров кого групата несудени патници го најмила за преземање дејства против компанијата, бидејќи на ниеден начин не им било компензирано пропуштањето на патувањето до Лос Анџелес.
Од компанијата не сакале да го коментираат инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top