Исполнувајќи ја агендата на опозициската СДСМ, насилни неработници влегуваат во пресметка со судиите кои работат по закон. Таков е примерот раководителот во секторот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски, кој го тужи поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски за наводен мобинг.
Во граѓанскиот суд е закажано ново рочиште за судскиот процес против експретседателот на кривичен, судијата Владимир Панчевски по тужбата за мобинг поднесена против него од Горан Стаменковски од одделението за човечки ресурси. Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции и го казнувал.
Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднел и две кривични пријави, во кои го обвинува Панчевски дека подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции и го казнувал. Панчевски во својот став зошто не се појавил на рочиште, вели дека верува во правдата на Основниот суд Скопје 2 и дека за разлика од тужителот неработник има дневни работни обврски.
– Со најголемо почитување кон судот и судијата кој ја води постапката без оглед на исходот на истата, според закон немам обврска да присуствувам на судењето. Инаку јас за разлика од тужителот имам дневни работни обврски, а тужителот бидејки е неработник и мотивите за оваа фингирана постапка се негови лични фрустрации и фрустрации на неговите адвокати се добро познати на јавноста. Инаку во постапката од моја страна има полномошници кои професионално ќе си ја завршат работата, вели Панчевски.
Стаменковски не сработил ништо за 5 години
Според судски извори, за 5 години работа во Судот овој вработен нема ништо сработено, што може да се потврди и од судската управа.
-Од извршениот увид на Годишниот распоред за работа на судската администрација во Основниот суд Скопје 1 Скопје за 2014 година, за судскиот службеник Горан Стаменковски “не постои податок какви работни задачи му се доверени и извршувал во текот на годината“, стои во известувањето од Основниот суд Скопје 1 Скопје за тоа кои работни задачи ги има извршено Стаменковски.
Покрај за 2014 та година, исто така и за 2015-та и 2016-та година според Годишниот распоред за работа на судската администрација, кога во прашање е Стаменковски “не постои податок какви работни задачи му се доверени и извршувал во текот на годината“
-Видно од известувањето на судските службеници кои се распоредени во канцеларијата на Судскиот администратор, судскиот службеник Горан Стаменковски како раководител на човечки ресурси, до денес не ги побарал и превзел персоналните досиеја на вработените, што укажува дека “де факто“ Стаменковски не ги извршува работните задачи задачи согласно член 26 од Актот за систематизација на овој суд на местото на кое со Одлука на Судскиот администратор бил унапреден, стои во извештајот од судската управа.
Во однос на 2012 година, од страна на Судскиот администратор е утврдено дека во досието на вработениот нема решение за вработување на распоредување на работна позициија со доверени работни задачи, при што од евиденциите на Судот не може да се утврди што сработил Стаменковски во тој период.
Насилникот Стаменковски кој ја нападна портпаролката незаконски бил унапреден
Трудовата инспекција утврди дека токму Стаменковски, кој инаку е истиот човек за кој има обвинение дека ја нападна портпаролката на Судот, незаконски бил унапреден и скокнал неколку скалила во кариерата.
Ова го утврдила трудовата инспекција, која неофицијално, влегла во Судот, веднаш после инцидентот, по барање на Стаменковски. Според документите, инспекторите, утврдиле дека тој од виш судски советник незаконски бил унапреден на раководна функција, а на решението за унапредување стои потписот на таткото на сопругата на адвокатот Медарски. Државниот инспекторат за труд утврдил дека со назначувањето на Стаменковски на функцијата раководител е прекршен законот како и систематизацијата за работа во Судот.
Според документите до кои дојде Алфа, тој во 2012 година од граѓанскиот суд, преку спогодба, без јавен оглас, бил вработен во кривичниот суд, на место виш судски референт. Две години, спротивно на законот не бил оценет за работењето, неговото последно оценување било направено во 2011 година додека работел во Основниот Суд Скопје 2, стои во документите. Инспекторите од трудова констатирале дека тој не го почитувал законот и кога се пријавил на интерниот оглас, за местото Раководител на одделението за човечки ресурси, односно од категорија Г-2 виш судски советник, спротивно на законот направил скок од неколку позиции за местото во категорија Б-4 раководител на човечки ресурси.
Постапувајќи по записникот на Државниот трудов инспекторат, в.д. претседателката на Судот го разрешила раководителот и тој повторно е вратен на претходната работна позиција.
Во ноември лани Стаменковски во Судот ја малтретираше и сериозно и се закануваше на советничката и портпарол за односи со јавност во Судот. Од друга страна пак медиумите објавуваа фотографии на кои се гледа како Стаменковски е учесник на протестите организирани од опозицијата, и секогаш во близина на партиските функционери на СДСМ. Во нападот на портпаролката, тогашниот претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски виде политички мотиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.