Вчеравечер околу 19.30 часот во Битола на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ во куќата на Б.С. (25) непознат сторител извршил насилство над него, неговиот татко, неговиот чичко и неговиот зет.
Сторителот со нож на Б.С. му нанел телесна повреда во пределот на бутот констатирана во Клиничка болница Битола. Откако бил совладан сторителот и му бил одземен ножот, истиот се упатил во кујната и се обидел да земе друг нож, но откако не успеал скокнал низ прозорецот од дневната соба и побегнал во непознат правец.
За време на настанот биле присутни и тројца малолетници, кај кои било предизвикано чувство на страв и несигурност.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.