| четврток, 6 декември 2018 |

Во солунското пристаниште заглавени 120.000 тони товар за Македонија

Во солунското пристаниште до утре ќе се соберат околу 120.000 тони товар наменет за Македонија кој не може да стигне до крајната дестинација поради протестите на грчките земјоделци кои ги блокираат автопатиштата и граничните премини на Грција.

Претставник на раководството на солунското пристаниште за информативниот портал „Вориа“ изјавил дека до утре во солунското пристаниште ќе се акумулираат околу 120.000 тони суровини, како што се никел, јаглен, челик, сол и друго, кои се наменети за македонската индустрија.

Тој ги повика земјоделците да имаат разбирање за проблемите со кои се соочува солунското пристаниште и да протестираат на друг начин, а не со блокирање на автопатите затоа што ако продолжи ваквата состојба, клинетите ќе мора да го насочат својот товар кон други конкурентски пристаништа на Балканот со што солунското пристаниште ќе загуби пари, углед и доверба кај клиентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top