Авиокомпанијата Катар ервејс денеска официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје-Доха-Скопје, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
– Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули се воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глобална авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот исток, рече Мисајловски на денешната прес-конференција.
Нагласи дека со тоа се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии и додаде дека во последните неколку години авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Озбилни сте?
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)
-
Мисајловски: 100 нови улици во Ѓорче, ќе нема ни една неасфалтирана улица! (видео)
-
Мисајловски: Сите депонии во Ѓорче Петров ќе ги претвориме во зелени површини (видео)