Со натпреварот одигран вечерва во Загреб, а во кој екипата на „Будуќност“ славеше победа над „Цибона“ со 94-87, комплетирано е 21.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
Со оваа победа, Будуќност направи чекор поблиску до местото четворка екипи која ќе игра во плејофот. На пет кола до крајот на регуларниот дел, тимот од Подгорица сега има 15 победи, четири повеќе од денешниот ривал Цибона.
Токму овие две екипи ќе бидат и следните противници на двата македонски претставници Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром.
Во следното коло, Будуќност (во сабота, 19 часот) ќе биде домаќин на Карпош Соколи, додека македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, во недела напладне (12 часот) пред својата публика ќе го игра натпреварот против Цибона.
Табела: Црвена Звезда 20-1(победи-порази), Партизан 16-5, Цедевита 15-6, Будуќност 15-6, Цибона 11-10, Игокеа 10-11, Олимпија 9-12, Карпош Соколи 9-12, ФМП 8-13, Морнар 7-14, Мега 7-14, МЗТ Скопје 7-14. Крка 7-14, Задар 6-15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.