Руската полиција денес приведе најмалку 30 лица за човекови права на геј популацијата и нивните противници на недобрениот собир во Москва.
Неколкумина геј активисти денес се обидоа да постават транспарент пред Долниот дом на рускиот парламент, со кој ќе го осудат законот кој што е донесен во јануари, но во тој момент ги нападна група од православни христијани, па полицијата мораше да интервенира.
И покрај судската забрана, најмалку 100 активисти кои што се борат за заштита на правата на ЛГБТ популацијата денес се собраа и во Киев, на првата Парада на гордост во Украина.
Учесниците носеа транспаренти против дискриминација на геј популацијата. Но, на истото место се собраа и нивните противници, извикувајќи пароли против хомосексуалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.