| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски, планира нови фасади на Илинденска, Кеј и Карпошово востание

koce trajanovski

Градот го шири списокот на згради за кои планира нови фасади. Скопскиот градоначалник Трајановски бара од Советот- во соодветната програма да бидат вметнати и објектите на булеварот Илинден, плоштадот Карпошово востание и Кејот. Во образложението на предлогот кој советниците ќе го разгледуваат на следната седница, стои дека потребата за овие градежни зафати е поради дотраеноста на фасадите на градбите на тие локации.

– Заради нивната состојба има ургентна потреба од реконструкција и доградба на повеќето од објектите. Објектите се со сериозно оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем- се вели меѓу другото во образложението на градоначалникот Коце Трајановски до Советот
Во истата програма од претходно се и поголемиот број на згради околу плоштадот, како и објектите на улица Македонија и околу „Рекорд“. Мал дел од нив, како зградата над „Пелистер“ се веќе завршени. Дали и за новите објекти ќе има конкурси за идејни проекти и дали ќе добијат фасади со нов изглед различен од сегашниот, во предлогот до Советот не пишува.
Освен Градот, на нови фасади работат и неколку институции и компании. Зградите на МЕПСО и ЕВН/ЕЛЕМ веќе е одлучено да се преслечат во неокласични место сегашните модернистички фасади. На ново решение се работи и во ГТЦ, но веќе десетина дена од таму нема никаков одговор- до каде е процедурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top