| четврток, 6 декември 2018 |

Следно на листата на Трамп – зауздување на „диктаторскиот клуб“ во ОН

Глобалистите од естаблишментот со право биле загрижени за судбината на своите планови. По динамичната прва недела од ставање на Америка на прво место со тоа што цел се режими со лажна слободна трговија и лажни регулаторни агенции, претседателот Доналд Трамп, наводно, се подготвува да ги ревидира Обединетите нации, вклучувајќи ги и сите нивни агенции, програми, бирократија, конвенции, како и придружни програми. Според пишувањата на весникот „Њујорк тајмс“, кој е против Трамп и тврди дека е запознат со неколку уредби што сѐ уште се во нацрт-верзија, а се подготвени од страна на администрацијата, Трамп планира драстично да ја намали улогата на владата на САД во ОН и во други меѓународни организации. Тој, исто така, планира ревизија на договорите на ОН што го крадат суверенитетот, со цел враќање на самоуправувањето во различни области на политиката и заштеда од милијарди долари за американските даночни обврзници. Глобалистите насекаде се во паника.

Според едната нацрт-верзија од уредбите со наслов „Ревизија и намалување на американското финансирање меѓународни организации“, Владата на САД ќе го намали финансирањето на сите агенции на ОН или меѓународни организации што прекршуваат одредени критериуми. Како што извести „Тајмс“, треба да се прекине со финансирање на организации што признале полноправно членство на Палестинската управа (ПА) или Палестинската ослободителна организација (ПОО). Но, „Тајмс“ дури на самиот крај на написот го споменува фактот дека веќе постојат два федерални закона од 90-тите години од минатиот според кои САД треба да престане да го финансира секое тело на ОН што ја признава ПА или ПОО како земја-членка. Тоа е причината што екстремистичката агенција за образование на ОН, УНЕСКО престана да добива средства и покрај сите напори на Обама. Поранешниот претседател Бил Клинтон го потпиша едниот закон, а Џорџ Х. В. Буш е потписник на другиот закон.

Исто така, според нацрт-верзијата од уредбата на Трамп, како што пишува „Тајмс“, секој разгранок на ОН или на меѓународни организации што е под контрола или под значително влијание на некоја држава што го спонзорира тероризмот може да престане да добива средства од американската влада. Тоа, најверојатно, ќе го вклучи и Советот за човекови права на ОН. Во екстремистичкото тело, раководено од принцот на исламската диктатура, кој го поистоветува Трамп со ИСИС и тврди дека меѓународното право бара стабилна контрола на оружјето во Америка, буквално, доминираат неслободни режими – вклучувајќи и некои од најпознатите дивјачки и убиствени диктатури на планетата што го спонзорираат тероризам со децении. Телата на ОН под контрола или значително влијание на режимите што ги прогонуваат маргинализираните групи или систематски ги кршат човековите права, исто така, може да останат без средства од владата.

Иако одредени држави не беа споменати во написот на „Тајмс“ за уредбите на Трамп, се чини дека бруталната кинеска комунистичка диктатура ќе се најде на врвот на листата. Меѓу другите кривични дела, таа безмилосно ги прогонува христијаните, муслиманите, следбениците на фалун гонг и другите верски малцинства – на некои дури им ги вадат внатрешните органи и ги нудат на поважни личности од Комунистичката партија или на богати странци. Во Тибет, Пекинг го извршува тоа што во целиот свет се наведува како „културен геноцид“ на древниот народ, со цел засекогаш да го збрише од лицето на земјата. Но, сепак, и покрај добро документираното варварство, при што загинаа повеќе луѓе отколку во времето на која било влада во историјата на човештвото, агентите на режимот во моментов раководат најмалку шест агенции на ОН.

Другите барања во рамките на уредбата во нацрт-верзија вклучуваат намалување од најмалку 40 проценти на сите други средства за меѓународни организации. „Тајмс“ тврди дека не е јасно дали уредбата предвидува намалување од 40 проценти или повеќе од американските финансиски средства за секоја агенција на ОН, или дали намалувањето е насочено кон целиот федерален буџет за финансирање непријателска меѓународна бирократија. Според уредбите, исто така, ќе се ревидираат сите средства што би можеле да бидат пренасочени кон Меѓународниот кривичен суд (МКС), неофицијален суд што тврди дека има надлежност врз секој човек на земјата, вклучувајќи ги и Американците и новинарите, и покрај фактот дека Сенатот на САД никогаш не го ратификуваше договорот за неговото создавање.

svet231-usa-flag

svet231-un-logo

Според првата уредба, исто така, ќе се формира комисија што ќе препорача каде да се направи намалување на средствата наменети за агенциите на ОН и за други глобалистички разграноци. Тоа тело ќе има задача, меѓу другата специфична одговорност, да ги истражи американските средства наменети за голем број агенции и бирократија на ОН. Меѓу нив е и Меѓународниот кривичен суд, кој во последниве неколку месеци се закани дека ќе ја разгледува можноста за приведување американски војници. Судот, исто така, се обиде да затвори новинар. Под лупа ќе бидат ставени и мировните мисии на ОН, кои се поврзуваат со многу скандали, пред сѐ за силување деца, убивање цивили, гонење укажувачи и други злосторства. Конечно, ќе се истражува и Фондот за население на ОН, кој е вмешан во помагањето на кинескиот комунистички режим во извршувањето присилни абортуси и дивјачка контрола на населението.

Втората нацрт-верзија од една уредба, што, наводно, ја видел „Тајмс“, го носи насловот „Мораториум на нови мултилатерални договори“. Според пишувањата на весникот, уредбата предвидува ревизија на сите сегашни и идни мултилатерални договори што вклучуваат повеќе од една странска влада. Ревизијата ќе биде проследена со препораки за тоа кои преговори, конвенции или спогодби треба да ги отфрли владата на САД. Во таа уредба особено се споменува „Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените“, како и „Конвенцијата за правата на детето“, на ОН. Сенатот на САД одби да ги ратификува и двете.

Втората уредба за мултилатерални договори го изоставува секој договор што е директно поврзан со национална безбедност, екстрадиција и меѓународна трговија. „Тајмс“ апсурдно, речиси патетично, се обиде да тврди дека, можеби, ќе се изостави и спогодбата на ОН за, наводно, глобално затоплување предизвикано од човекот, позната како „Парискиот договор“, бидејќи има допирни точки со трговијата. Во реалниот свет, Трамп веќе вети дека ќе го отфрли тој нелегален план на ОН, кој и така никогаш не беше ратификуван од страна на Сенатот. Веднаш по преземањето на функцијата, веб-страницата на Белата куќа вети дека ќе го повлече „Акцискиот план за климата“ на Обама, кој беше централен дел од нелегалните заложби на Обама под режимот на ОН за климата. Покрај тоа, без трилионите на САД и на западните даночни обврзници наменети за Зелениот фонд на ОН за борба против климатските промени, речиси секој трет режим во светот веќе вети дека ќе се повлече од договорот.

Не е јасно дали пишувањата на „Тајмс“ се точни бидејќи весникот загуби голем дел од својата кредибилност во последниве месеци со хистеријата против Трамп маскирана како новинарство и наиде на остри критики од целиот политички спектар за екстремната пристрасност кон Хилари Клинтон, теоријата за глобалното затоплување предизвикано од човекот, глобализмот и големата влада. Весникот одигра клучна улога во известувањето за советскиот геноцид на Украинците, во донесувањето на Кастро- борецот за слобода на власт во Куба, како и во унапредувањето на глобалистичката агенда на Советот за надворешни односи. Всушност, откако поднесе оставка, еден новинар од весникот рече дека „Тајмс“ е пропаганден мегафон на естаблишментот за предизвикување војна и многу повеќе.

Слободоумните луѓе во ОН, кои зборувале со овој новинар, одамна предупредуваат дека ќе биде подобро да се затворат и да се укинат агенциите на ОН – особено за да се избегне постојаната злоупотреба на глобалната бирократија за да престанат кинескиот комунистички режим и другите автократии да го шпионираат Западот, да ја поткопуваат западната економија, да ја ограничуваат слободата, да ја легитимираат тиранија итн. Неформален документ од Стејт департментот на САД од 1995 година со наслов „Подготовка на Обединетите нации за 21 век“ препорачува затворање и консолидирање широк спектар програми, агенции и планови на ОН. Денес, повеќе од неколку истакнати личности продолжија да повикуваат на затворање на УНЕСКО, УНИДО, Советот за човекови права на ОН, како и на многубројни други бирократии што се надвор од контрола.

Но, тоа не е доволно. Американските даночни обврзници плаќаат меѓу осум милијарди и 10 милијарди долари годишно за ОН, повеќе од сите други 185 земји-членки заедно. А, за возврат, американскиот народ, неговата слобода, Уставот и националната независност се предмет на постојан напад од „диктаторскиот клуб“ и од неговите водечки службеници. Активистите се надеваат дека под водството на претседателот Трамп тие ќе почнат да губат моќ. Конгресот, исто така, работи на тоа да го сопре финансирањето на ОН.

Се разбира, очекуваните активности на Трамп претставуваат одлична почетна точка – особено по осум години со Обама, кој во својот последен говор пред Генералното собрание на ОН, каде што доминираат диктатори, отворено повика Америка да ги прифати ограничувањата, да даде малку слобода за дејствување (исто така, познато како самоуправување), и да се придржува до меѓународните правила. Сепак, многу подобро и потрајно решение ќе биде САД целосно да се повлечат од ОН. Во моментов подготвениот Закон за повраќање на суверенитетот (Х.Р. 193) се наоѓа кај комисијата за надворешни работи на претставничкиот дом. Со притисокот на јавноста, 2017 година може да биде година во која Америка, конечно. ќе се ослободи од „диктаторскиот клуб“.

Из­вор: „Њу американ“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top