| четврток, 6 декември 2018 |

Со колку Заев го купи и каков притисок направи за советникот од ВМРО-НП да го смени мислењето за 12 часа?

Советникот во Општина Струмица од ВМРО-НП, Методи Витанов по само 12 часа го смени мислењето и денеска изјави дека ќе ја поддржува советничката група на СДСМ.  Останува отворено прашањето со колку Зоран Заев го купи и каков притисок направи за советникот да го смени мислењето?

Витанов денеска најверојатно под уцена и пред само еден медиум изјави дека грубо бил изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП која до вчера коалицираше со СДСМ во Советот на Струмица.

– Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО-НП си давам оставка од партијата. Понатамошниот мандат во Советот на општина Струмица ќе го водам како независен советник, подржувајки ја советничката група на СДСМ, вели Витанов.

metodi640

Вчера, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека имаат ново советничко мнозинство во Советот на Струмица откако Витанов влегол во нивните редови, барајќи итна седница за верификација на мнозинството, избор на нов претседател и вд градоначалник.

За само 12 часа, советникот од ВМРО-НП го смени мислињето. Витанов седеше до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ н неговиот потпис може да се види на иницијативата за смена на советничкото мнозинство, а сега го смени мислењето. Според добро упатени извори, во прашање е голема уцена и во игра биле и пари, а претходеле и закани по безбедноста на семејството и советникот.

Со ова се докажува недмократскиот и тоталитарен начин на дејствување на Зоран Заев во Струмица, кој е подготвен и на вакви чекори за да ја задржи власта во овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top