| четврток, 6 декември 2018 |

На Иско му преседна, доста е седење на клупа, летово си заминува од Реал Мадрид

isko

Еден од најдобрите шпански фудбалери, Иско веќе не сака да биде трет избор на Зинедин Зидан. Играчот од средниот ред не добива шанса, а покрај стандардните Модриќ и Крос, пред него минутажа добиваат Касемиро и Ковачиќ.

Најверојатно тој го загуби трпението и најави дека ова лето ќе ги разгледа сите понуди и ќе го напушти главниот град на Шпанија. 24-годишниот фудбалер очекуваше многу порано да добие нов договор, особено по потписот на Роналдо, Бејл, Васкез, Крос и Модриќ.

Неговиот договор со „кралевите“ истекува во 2018 година, а доколку Флорентино Перез сака да заработи на него ќе мора да го продаде ова лето.

За него најголем интерес има од Арсенал и Јувентус, а сума од околу 30 милиони евра би била прифатлива за мадридската екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top