| четврток, 6 декември 2018 |

Манифестацијата „Гоцеви денови“ не се одржа поради тргната биста на Гоце Делчев

goce1

Манифестацијата се одржува од 1972 година. Не се одржа манифестацијата Гоцеви денови во село Подгорци струшко. Четириесет и две годишната традиција во ОУ Гоце Делчев наместо во мај се одложи за 8 ми јуни, заради тоа што се уште не е поправена бистата, која пред осум месеци беше отстранета.

Од организациониот одбор велат ќе бараат средства од министерството за култура за поправка на бистата на Гоце Делчев.

Градоначалникот не беше ниту информиран.

– Не сум информиран околу оваа работа. Тврдам одговорно дека немам информација дали има барање да се одржи патронатот, изјави Зијадин Села градоначалник на Струга.

– Подгорци е рак рана на образованието во Струга и сметам дека градоначалникот многу добро ги познава состојбите таму и сметам дека има замешано прсти во целата оваа работа, вели Никола Затуроски советник од ВМРО ДПМНЕ.

Реномираната поетска манифестација во село Подгорци се одржува од 1972, а бистата на Гоце Делчев во мултиетничкото училиште беше поставена пред десетина години. Во неколку наврати беше уништувана и крадена. Откако пред 8 месеци беше отстранета од непознати сторители сега се наоѓа во училиштето и деновиве ќе биде вратена на своето место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top