Фотографијата на Донче Илијоски е постирана вечерва на профилот на Фејсбук Скопје смог аларм.Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање вчера покажаа загадување на воздухот со високи концентрации на ПМ10 честичките. Според податоците во 18 часот вчера се измерени 576,32 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 547 во Гази Баба, 520,01 кај Ректорат, 379 во Карпош и 223,40 во Миладиновци.
Максималната концентрација во изминатите 24 часа се измерени во Карпош од 1218,63 микрограми во 22 часот, 803,97 кај Ректорат во 21 часот, 778,33 микгрограми во Лисиче на полноќ, 719 во Гази Баба во 23 часот и 388 микгрограми во Миладиновци во 06 часот.
Објавените податоци покажуваат загадување на воздухот од почетокот на овој месец, а во текот на претходниот месец загадување е забележано во 20 дена од вкупно 31 ден.
Загадување на воздухот има и во Куманово со концентрација од 363,31 микгрограм на метар кубен ПМ10 честички, Тетово со 74,38, Кичево 60,92 и Кавадарци 56,52 микгрограми.
Еве ги најзагадените места во овој момент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.