| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинско патешествие на Металург на враќањето од Веспрем

metalurg

Екипата на Металург повторно се соочи со непланирано патешествие при враќањето од Веспрем, откако авионот со кој македонскиот вицепрвак требаше да пристигне во Скопје не слета на аеродромот во нашиот главен град.

Планот беше ракометарите на Металург со редовниот лет од Виена да дојдат во Скопје, авионот најпрвин многу доцнеше на тргнување, за потоа поради густата магла да направи шест круга на нашата земја пред да се врати назад во австриската метропола.

Како јавува ракометниот вицешампион преку својата официјална веб-страница, околу 20.30 часот Металург ќе лета за Приштина каде ќе слета околу 22 часот, а потоа со автобус ќе пристигне во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top