| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо не го заборава Гвардиола: Во Англија не можеш да купиш титула

murinjo i gvardiola

Познато е дека ривалството меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо веќе подолг период е жестоко, а Португалецот денеска во неделното издание на „Сан“ одлучи да го „боцне“ менаџерот на Сити. „Специјалниот“ на својот ривал му порача дека сега во Англија се соочува со реалноста на фудбалската игра, додавајќи дека последните негови титули со Баерн Минхен му се купени.

– Гвардиола во Англија се соочува со реалноста на фудбалската игра. За него Премиер лигата е нешто ново во фудбалот, нешто сосема спротивно од Бундеслигата. Таму Баерн Минхен уште од летото ги освојуваше титулите, откако ќе ги купеше најдобрите фудбалери на најголемиот ривал Борусија Дортмунд. Првата година го купи Гетце, па Левандовски па на крај Хумелс. Мислите дека тоа е можно и во Англија? Можам ли да одам во Тотенхем и да ги купам најдобрите двајца фудбалери, се разбира дека не. Исто така не можам да купам фудбалери на Челзи и Арсенал, каде имам двајца фудбалери кои ги сакам. Тоа е новата реалност, играч од ривалот можеш да купиш само ако тој не е стандарден, друг начин нема – вели Мурињо.

Денес и двете екипи од Манчестер ќе играат меч од 23. коло на Премиер лигата. Сити на домашен терен од 14.30 ќе го пречека Свонси Сити, додека Јунајтед во терминот од 17.00 часот му гостува на шампионот, Лестер Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top