Можеби не успеаја пред 70-на години, меѓутоа деновиве Германците ја „окупираа“ англиската престолнина
Според наводите во островските и во германските медиуми, во главниот град на Англија се присутни околу 150 илјади Германци.
Дел од нив од трибините, а повеќето од други локации во метрополата вечер ќе ги подржуваат своите миленици, во финалниот дуел од Лигата на шампионите. Соочувањето почнува од 20 и 45 на „новиот“ Вембли.
Фановите на Баварците и на „Милионерите“ уште во текот на неделата пристигнуваа во Лондон, буквално заземајќи ги сите квартови околу поприштето нна вечерашната фудбалска битка.
Инаку, вечер Барен ќе се бори за петтата, додека Борусија за втората титула европски фудбалски првак во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.