Анџелина Џоли бара по 100.000 долари месечна алиментација од сега веќе поранешниот сопруг, Бред Пит, за нивните деца. Ова го тврдат извори на двојката, која во моментов се разведува, соопштуваат агенциите.
Актерката сметала дека оваа сума ќе ги покрие сите тековни трошоци за шесте деца. Ќе се правеле и придонеси во фонд основан за нив од родителите. Од вкупно 1,2 милиони долари кои Џоли посака да ги добива годишно, 250.000 ќе се доделат за иднината на 15-годишниот Медокс, 13-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 10-годишната Шајло и 8-годишните Вивиен и Нокс.
Пит е подготвен да ги поддржува децата финансиски, но сака да ги внесува парите директно во фондот, а не да ги дава на Џоли за тековни трошоци.
Состојбата на 53-годишниот Пит изнесува 240 милиони долари, а 41-годишната Џоли има на сметка 160 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!