Зоран Цветановски и официјално е именуван за нов претседател на РК Металург. Цветановски, кој е наш поранешен ракометар и долгогодишен член на раководството на клубот, претходно ја извршуваше функцијата генерален секретар и беше задолжен за комуникација со ЕХФ.
Сето тоа, комбинирано со неговото долгогодишно искуство како спортски новинар и отвореноста во комуникацијата со јавноста, беше доволно тој да биде назначен за претседател на УО и директор на АД РК Металург, доаѓајќи на местото на разрешениот Левче Китевски.
– РК Металург е добро познато ракометно име и раководењето со клубот претставува голема чест, но во истовреме тоа со себе носи и огромна одговорност и сериозност во работата. Откако ќе се преземат сите неопходни активности за консолидација во менаџерскиот тим и неговата работа, убеден сум дека ке се создадат добри предуслови за професионално и одговорно дејствување, што ке го издигне клубот на повисоко ниво на организираност. Посветеноста, професионализмот и одговорното работење, ќе бидат основните постулати, според кои менаџментот на РК Металург ќе се раководи во иднина, што претпоставува создавање сериозен европски имиџ по кој клубот ќе биде препознатлив и почитуван во највисоките европски ракометни кругови. РК Металург и натаму останува високоамбициозен клуб кој ке ги следи одамна зацртаните цели, што значи неполоколеблива борба за самиот врв во македонскиот ракомет и стандардно учество на европската сцена односно настап во Лигата на шампионите – вели Цветановски во изјава за официјалната интернет страница на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.