Во малото посавско село Долина во семејна куќа живеел човек кој пред четири месеци по долгогодишна работа во Словенија заминал во засалужена пензија.
Тоа утро неговата сопруга отишла по дрва за греење, а на вратата затропале цариници и полиција. Некој пријавил дека во таа куќа незаконски се продаваат алкохол и цигари. Цариниците стигнале со налог од Прекршочен суд за истрага. Човекот ги пуштил во домот, но му се слошило. Паднал пред нив на подот и посинел. Повикале брза помош. Тогаш го домот пристигнал синот на сопственикот оставајќи ја групата цариници да ја претресуваат куќата, кога го видел татка си на подот им рекол на полицајците и на цариниците да го напуштат нивниот имот. Семејството е разпрачано и не може да си дојде на себе, пред затоа што со претресот ништо не било пронајдено.
Несреќниот човек цел живот работел во Словенија, соседите велат дека починал од страв.
– Можам само да кажам дека е тоа мошне мирно и воспитано семејство. Нашиот сосед работеше во Словенија и кога си доаѓаше дома целото слободно време го користеше за работа на куќата, а тоа се гледа. Неговата сопруга се грижеше за децата и за домаќинството. Сега кога конечно дочека да биде дома, еве што му се случи, раскажува соседката.
Царинската управа , пак вели дека од полицијата биле известени дека 64-годишен маж со престој во селото Долина во својата семејна куќа илегално продава алкохол и цигари, затоа отишле со налог за претрес, а полицијата била за пружање помош во истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.