Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ останува во Барселона до 2022 година, пренесува шпанска „Марка“.
Менаџерот на Ракитиќ, Артуро Канелас имаше синоќа официјална средба со челниците на каталонскиот клуб, и според информациите и двете страни се блиску до потпишување на нов петгодишен договор до 2022 година.
Преговорите меѓу двете страни почнаа уште пред два месеци, но не течеа согласно очекувањата. Се до синоќа кога е постигнат сериозен напредок, па Ракитиќ е пред нов договор.
Во последните две сезони хрватскиот фудбалер беше неизбежен меѓу почетните 11, но се се промени последните неколку месеци. Иако тренерот на Барса се поретко го користи Ракитиќ оваа сезона, и самиот ја замолил управата на клубот да го продолжат договорот со Хрватот, без разлика дали ќе биде прв избор за почетниот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.