| четврток, 6 декември 2018 |

Судбински месец во бројот 2: Погледнете што ве очекува во февруари

Се наоѓаме во година на единицата, затоа што во глобала 2017 година е во бројот 1, а тоа значи дека е присутно силно влијание на енергијата на Сонцето, кое е владетел на овој број. За многу луѓе тој носи нови почетоци, а и лесно препознавање на некои фактори кои се наоѓаат на патот пред вас.
Февруари е во бројот 2 и на некој начин тој е судбински месец. Затоа, во текот на овој месец треба да бидете повнимателни, затоа што може да се појават тајни непријатели кои со својата енергија може да влијаат на вас. Се разбира, треба да се свртите кон добрата енергија на Сонцето и да го искористите нејзиното позитивно влијание. Но, зависно од вашиот биоритамски број, во февруари секој од вас ќе има различна енергија во својот живот.

Пресметувањето на биоритамскиот број за февруари се изведува на следниов начин:

Ден на раѓање + месец на раѓање + 1 година на глобално ниво + 2 (за месец февруари)

На пример, оние кои се родени на 14.06, нивниот биоритамски број ќе го пресметаат вака:

Соберете го вашиот ден на раѓање 1+4 = 5

На тој број додајте го месецот на раѓање 5+6 = 11

За да добиете едноцифрен број, соберете ги двете цифри 1+1 = 2

На тоа додајте го бројот 2 (февруари) 2+2 = 4

На тој број додајте го бројот 1 (година на глобално ниво) 4+1 = 5

Значи, овој биоритамски број за месец февруари е 5.

Водете се по овој пример и пресметајте го вашиот биоритамски број, па според добиениот резултат, во продолжение погледнете што ве очекува овој месец.

Судбински месец во бројот 2: Погледнете што ве очекува во февруари

Број 1: Треба да го избегнете блокирањето на самите себе и дополнителните оптеретувања. Во овој месец оние кои се невработени може да добијат нова работа, но и промена на тековната. Здравјето може да ви биде загрозено поради настинка, бронхитис или опаѓање на имунитетот. Ако ја научите лекцијата, ќе добиете и соодветна награда.

Број 2: Во овој месец вие ќе имате различни можности. Меркур во бројот 5 ќе ви помогне да реализирате некои важни работи за вас, а помеѓу другото и оние кои се врзани за просторот во кој живеете. Некои личности ќе патуваат поради потреба за работата или пак на кратки одмори. Во овој месец ве очекува динамична и интензивна работа.

Број 3: Во овој месец вам ви се важни семејните работи. Вие ќе им давате многу на другите и надвор од своите можности. Исто така ќе сфатите дека на вашиот труд не добивате соодветни одговори. Не вложувајте повеќе отколку што е потребно. Некои убави настани ќе ви донесат радост, а ако се занимавате со која било услужна дејност, вие ќе забележите успех.

Број 4: Овој месец е месец на зголемена нервоза. Чувајте ги вашите нерви. Оние чијашто работа е поврзана со уметност и оние кои при работењето носат каква било униформа, ќе забележат одреден успех. Останатите може овој период да го искористат за да им помогнат на оние на кои им е тешко. Бидете внимателни со љубезните луѓе со кои можете да дојдете во контакт.

Број 5: Вашиот ангел чувар ќе ви помогне овој месец да добиете малку среќа во материјална смисла. Во текот на овој месец ќе бидете мирни и сталожени. Искористете го овој период и сегашните добри моменти за да ги решите своите егзистенцијални проблеми.

Судбински месец во бројот 2: Погледнете што ве очекува во февруари

Број 6: Вие секогаш вложувате во семејството и во другите, а честопати немате соодветен одговор на вашата пожртвуваност. Затоа, сега треба да направите соодветна селекција која ќе ве ослободи од сите притисоци кои ви се наметнати. Ставете точка на нешто и ќе ви се отворат нови можности.

Број 7: Вие ќе започнете нешто ново и квалитетно, па преку промените и продуктивната енергија на Сонцето, ќе ги искористите сите позитивни аспекти. Силата на овој број ќе ви даде можност да се стабилизирате и да најдете нова надеж.

Број 8: Вам може да ви се остварат плановите поврзани со финансиите. Ако сте принудени да земете кредит или заем, размислете за која цел ќе ги потрошите тие пари. Бидете смирени и ако ви се чини дека сте ограничени и дека нешто ве враќа назад, смирено чекајте го вистинскиот момент за да реализирате што било.

Број 9: Иако вие сте прилично затворени личности, ќе се отворите за нови емоции. Така ќе имате шанса да му се допаднете некому и некој да ви се допаѓа вам. Доколку го отворите своето срце, тоа би можело да биде прекрасна љубов. Во оние врски кои веќе постојат, можни се договори во која било смисла. Потрудете се и во двата случаи малку поотворено да ги прикажете своите емоции. Со тоа нема да ја изгубите својата моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top