| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп нареди преразгледување на актите за финансиска регулација

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша два укази со кои се наредува преразгледување на нормативните акти за финасиска регулација, усвоени по избувнувањето на глобланата криза во 2008 година, а пред се на законот „Дод-Френк“ за реформа на Волстрит.

Законот „Дод-Френк“, кој е на 2.300 страници, го одобри претходникот на Трамп, Барак Обама во 2010 година. Со него големите американски банки се обвзруваат секоја година да спроведат т.н. стрес тест, со цел да се провери нивната стабилност во случај на нова финансиска криза.

Законот исто така ги обврзува банките да ги зголемат своите резерви на капитал, со цел да можат полесно да се справуваат со кризи.

Целта на овој закон, кој е именуван по неговите иницијатори – сенаторот Крис Дод и конгресменот Барни Френк, беше да се намалат ризиците по американскиот банкарски систем и со него беше извршена најголема финансиска регулација уште од времето на Големата депресија во 30-те години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top