| четврток, 6 декември 2018 |

Поништени над 100.000 визи по уредбата на Трамп

САД поништиле над 100.000 визи откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува патување во САД за граѓани од седум држави каде има претежно муслиманско население.

Податоците се соопштени на седница на Федерален суд во Вирџинија и објавени од весникот Вашингтон пост и Ен-Би-Си Њуз.

Со уредбата од минатиот петок, укинати се визи за Иран, Сирија, Јемен, Ирак, Сомалија, Либија и Судан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top