„Република“ дојде до вистинското писмо на самонаречените интелектуалци и аналитичари, башка професори со долг кон Сорос, кое требало да го испратат до САД и ЕУ, ама во последен момент се предомислиле и го пратиле второто, цензурирано послание. Ги поправил самиот „чадор“, кој ги насочил и побарал да не одат искрено и со емоции, туку друг да обвинат, а за својата мака да ен зборуваат.
Стартот на вистинското писмо е сличен со она испратеното и вели: „Како одговорни граѓани на Република Македонија, во која граѓаните преку сите највисоки органи и парламентарни партии се изјаснија за стратегиска интеграција на земјата во евроатланските структури, ние долупотпишаните интелектуалци, универзитетски професори, аналитичари, поранешни високи владини функционери и дипломати од Република Македонија, со ова писмо, преку вас, се обраќаме до Сорос, неговите послушници во Европарламентот и до бившата жена на Еди Рама, Делина Фицо, нормално.“
Ист е и фундусот на потпишаните самонаречени интелектуалци, кои до сега требало да научат дека вистинскиот интелектуалец нема шанси да се нарече ИНТЕЛЕКТУАЛАЦИ, па со самото тоа си кажале многу за себе и состојбата на умот. (Фрчко, Јове, Кадриу, Давитковски, Спасов, Ружин итн.) Арно ама, така би било кога не би биле она што се, нели. Тука, со наведената групација, завршуваат и сите сличности меѓу писмата.
Во реалното, вистинско писмо кое Фрчко, Нано и Јове го заборавиле на шанк во кафеана во Дебар маало, каде како и секогаш сериозно се запиле, а по доаѓањето на Шилегов и се „отруле““ стои:
„О Џес, финансиеру наш непресушен и линк со Сорос, кој леб, џипови, станови и хациенди ни обезбедуваш и цела кариера на тебе и само тебе ти ја должиме, аман, спаси не!!! Сорос, S.O.S. S. (SAVE OUR SOLD SOULS) СПАСИ НИ ГИ ДУШИЧКИТЕ ПРОДАДЕНИ! Ние, интелектуалците од ФОН, екс министри, чеда на Милчин и обожаватели на Заев те молиме да им простиш на недоветните Македонци што се дрзнаа да дишат и пишат оти твоите конгресмени застанале против тебе и богот наш Сорос! Заслужуваме спас, оти душата за странски интереси ја дадовме и цел живот против Македонија работиме.
-Прости и на стоката што не ја почитува нашата жртва и послушност. 25 години работиме против сопствената држава и заслужуваме Ваша почит, пари и кариера. Заслужуваме да не не’ оставите на цедило, затоа што со децении извртувавме и лажевме за оние непрокопсаниците македонски, патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и останатите освестени Македонци. Да, не ни дојдоа лошо стотиците илјади долари (нешто во евра, франци, порано марки и слично) пари од ФООМ, УСАИД и десетиците филијали, купувавме станови, куќи, џипови и какви не имоти, и тоа е у реду. Арно ама, сакаме уште!
-Душата ни продадена, паразитска и ненаситна не се задоволува со толку малку бе Џес наш насушен,а пред тебе Волерс, Миловановиќ, Рикер и останатите. Аман, апетитите ни се зголемија, ко буре без дно станавме, а за тоа вие сте виновни, па сакаме уште.
-Бараме уште, ама да не мислиш дека резултати нема да добиеш и оти за џабе ќе на финансираш. Добро знаеш дека ние исполнуваме без поговор и прашање, родената мајка ќе си продадеме, а на татковината тоа цел живот и го правиме. Да, некои нема да си ги продадат мајките, ама само затоа што досега тоа веќе неколку пати го направиле!
Ветуваме, чесен Заев збор даваме, дека ќе остене четири прста отворени за сите антимакедонски идиотштини, ќе кукаме, лажеме, спинуваме, народ ќе делиме и омраза ќе шириме без мера! Без срам и перде, проверено и докажано! Ветуваме дека ќе ти стоиме на располагање за секоја глупост и секоја желба ќе ви ја исполниме. Ќе зборуваме по „Топ теми“, „360 степени“, „24 анализи“ и во малоумни печати, секој ден ќе пишуваме, гостуваме и ќе лажеме ко гниди. Ко слуги ќе им угодуваме на Шлаки од Тв „Селма“, Зеро од „Минус инфо“ и Гладен од „24 паравести“. МТВ за жал ја изгубивме со онаа Канта уредничката…
Гордо во првите борбени редови ќе стоиме и мува нема да не лази кога државните и националните интереси ќе ги продаваме, во тоа сме докажани, ама пута 10 сега ќе одработуваме.
Да живее Сорос, неговите луди идеи и парите што ни ги давате! Аман, спасете не од немаштијата, не сме навинати од плата да живееме!
Проклета да е Македонија! За доларите, со Џес и Џорџ напред!“
Со овие зборови завршува оригиналното писмо на „интелектуалците“, испратено до Сорос, останатите од администрацијата на Обама во Стејт департмент , Соросовите послушници во Европарламентот и до екс жената на Еди Рама, Делина Фицо, која годинава ги дели парите од Сорос и УСАИД.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.