Актуелниот шампион во Премиер лигата, Лестер, годинава ја почна без ниеден постигнат гол и со само еден освоен бод во цел јануари. Серијата лоши резултати го носат ланскиот сензационален победник блиску до опасната зона на испаѓање од англиското елитно натпреварување.
Лани овој тим беше фудбалско чудо и ја испиша најубавата фудбалска бајка, а една година потоа, тимот не може да постигне ни гол. Лестер сити е во жестока борба за опстанок по месецот за заборав во кој на четири натпревари има три порази и едно реми, без ниеден постигнат гол.
Последен во лошата серија беше поразот од Барнли (1-0) кој го донесе актуелиот шампион на два бода од зоната на испаѓање од лигата.
– Мора да се вратиме што побрзо. Настапот и не беше толку лош, ако бевме посмирени во контранападите можеби и ќе постигневме гол. Грчевито се обидувавме да направивме се како што треба и правме грешки во додавањата – признава Клаудио Раниери.
Алармот е веќе вклучен бидејќи во три од следните пет натпревари Лестер игра со Манчестер јунајтед, Ливерпул и со Арсенал, а бодовите им се повеќе од неопходни. Исто така ги очекува и настапот во осминафиналето од Лигата на шампионите во кое малку кој им дава шанси против Севилја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата