Министерството за надворешни работи на Македонија остро реагира на изјавите на албаскиот премиер Еди Рама и неговото континуирано непринципиелно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
„Би било добро кога македонскиот концепт на мултикулрна интеграција во општеството базирано на европски вредности да го применуваат соседни земји. Би потсетиле дека во Македонија има избрани претставници од граѓаните. Тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување на оган кај соседи, одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји, во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот“, велат од МНР.
Од МНР истакнуваат и дека македонско видување е дека нема посебен придонес од кое било вмешување во внатрешните работи на Македонија.
„Немаме посебна намера да се впуштаме во анализи на тоа кој се се вмешува и за каква цел. Би ги упатиле сите заинтересирани страни да ја почитуваат македонската сувереност и изразената волја на граѓаните. Тие се единствените надлежни да носат одлуки за дрзавата. Македонија останува посветена на своите цели и принципи. Праксата ни докажа дека добри решенија за земјата мора да потекнуваат од интересите на нашите граѓани. Таквиот став е и во функција на европското интегрирање на земјата. Само суверена, ефектива и ефикасна Македонија може да придонесе во проектот што е масовно поддржан од нашите граѓани“, пишува во реакцијата на МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.