Филипинските пожарникари сè уште не успеаа во целост да го изгасат пожарот што пред 40 часови изби во голема фабрика јужно од Манила. При пожарот се повредени најмалку 126 работници.
Локалните претставници наведоа дека нема знаци дека во фабриката останале заробени голем број луѓе и дека шестмина работници се водат како исчезнати. Пожарот изби во средата, пожарникарите дури по 18 часови успеаа да го стават под контрола, а се очекува дека денеска целосно ќе биде изгаснат.
Се претпоставува дека пожарот избил како последица од загрејување на одредени машини за производство. Фабриката се наоѓа на 26 километри јужно од Манила, а во неа се вработени околу 15.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.