| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарската армија покрена постапка против тројца регрути заради Скендербег

vojnici

Швајцарската војска покренала дисциплински постапки против тројца регрути поради тоа што на униформите залепиле грбови со ликот на Скендербег.

Фотографиите со спорните додатоци на војничките униформи се појавиле на социјалните мрежи и на тој начин стигнале до пошироката јавност.

Прекршокот за некои Швајцарци не бил „претерано сериозен“, но законот таму дозволува да се носат исклучиво државни обележја, пренесува РТС.

На почетокот на неделава медиумите јавија дека во Грција на 7 регрути од албанско потекло им се заканува по 30 дена затвор бидејќи на социјалните мрежи споделиле фотографии на кои позирале како со рацете прават знаци за двоглав орел. Утврдено било дека вакви потези се косат со правилата на армијата, а грчкиот министер за одбрана побарал седумте регрути поостро да се казнат. Иако тие се со албанско потекло, бил родени и израснати во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top