Анџелина Џоли се однесува како полудена во врска со Бред Пит, со намера што повеќе да му одземе. Имено таа не се откажува од барањето да добие самостојно старателство над шесте деца кој ги има со Бред, а покрај тоа има и нечуени барања.
Извор за магазинот Ин тач откри дека актерката сака Бред да и плаќа дури 100.000 долари алиментација месечно.
-Тоа ги покрива сите трошоци на нивните деца, а дел оди во нивниот фонд – рекол изворот.
Бред, кој се надева дека судот ќе додели заедничко старателство, не се противи на тоа финансиски да ги обезбедува децата, но сака парите да останат во нивниот фонд, а не Анџелина да има целосна контрола над нив.
-Анџелина се надева дека разводот ќе биде финализиран во наредните 90 дена и дека ќе биде донесена конечна одлука за старателство и поделба на имотот. Но имајќи во вид што се бара, мали се шансите нивната правна битка наскоро да се заврши – додава изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит не сака децата да бидат близу Аџелина
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Имала тајна врска со жена: Анџелина Џоли мажот го изневерувала со оваа жена!
-
Зарем тој, после онаков Бред – сите се изненадени од новиот партнер на Џоли!