| четврток, 6 декември 2018 |

Детски викенд со „Операта на шумските животни“ во МОБ

Македонската опера и балет продолжува со установената практика за едукација на нашата најмлада популација преку т.н. Детски викенд. Викендов, сабота (04) и недела (05) на Малата сцена во МОБ ќе се изведе новата детска претстава насловена „Операта на шумските животни“. Ќе бидат изведени по две претстави од истиот наслов вo два термини, од 12 и 13 и 30 часот и в сабота и в недела.

Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ

Настапуваат: Лиска: Симона Петровски/Надежда Рубен, Меца: Марика Поповиќ/ Катерина Бошковска, Зајко: Јане Дунимаглоски /Дејан Стоев/Борко Биџоски, Буф: Невен Силјановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top