| четврток, 6 декември 2018 |

По топлиот викенд, нов студен бран

По топлото време за време на викендот, хидрометеоролозите од понеделник попладне најавуваат нов студен бран и снег на повисоките места и на планините.

Според прогнозата на УХМР ќе се задржи променливо облачно со сончеви период и со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд кој ќе биде застапен во западните делови. Во понеделник се очекува врнежите да се прошират насекаде и да бидат поинтензивни, а кон крајот на денот како резултат на спуштање на постуден воздух од север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 утре, -4 до 3 в сабота, од 0 до 5 в недела од -2 до 4 в понеделник, -1 до 6 во вторник и од -4 до 4 в среда. Дневните ќе бидат во интервал од 5 до 11 утре, од 7 до 13 в сабота, од 5 до 15 в недела, од 8 до 16 од понеделник, од 3 до 9 во вторник и в среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top