Бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино утрово се појави во градскиот суд во Ливерпул на сослушување по обвинувањето дека возел во пијана состојба.
Бразилецот беше фатен како вози во пијана состојба во раните утрински часови на Божиќ и ден по дербито со Челзи мораше да се појави во судница.
25-годишниот играч, кој добива по 100.000 фунти неделна плата, веројатно ќе добие парична казна. Фирмино синоќа го одигра целиот натпревар и прокоцка две големи шанси да постигне гол против лидерот Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.