| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Мандат ќе добие коалицијата која ќе обезбеди 61 пратеник

Мандат за формирање влада  ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести и докаже дека има обезбедено мнозинство од 61 пратеник, изјави претседателот Ѓорге Иванов по консултациите со лидерите на политичките партии.

„Со други зборови тоа значи, прво потврда за мнозинство па мандат за составување влада“, рече Иванов.

Тој додаде дека за време на консултациите се разговарало за сите варијанти, па и за онаа ако никој не може да обезбеди мнозинство.

„Сите опции остануваат отворени“, рече Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top