Мандат за формирање влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести и докаже дека има обезбедено мнозинство од 61 пратеник, изјави претседателот Ѓорге Иванов по консултациите со лидерите на политичките партии.
„Со други зборови тоа значи, прво потврда за мнозинство па мандат за составување влада“, рече Иванов.
Тој додаде дека за време на консултациите се разговарало за сите варијанти, па и за онаа ако никој не може да обезбеди мнозинство.
„Сите опции остануваат отворени“, рече Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани