| четврток, 6 декември 2018 |

Хаваи бара наставници: Платата е 56.000 долари

Просечната годишна плата изнесува 56.000 американски долари, а државата нуди и 6.000 долари во форма на бонуси!, објави „Вработување.мк“

На оваа рајска земја итно и требаат 1.600 работници. Бројот на работници е дефицитарен, а платата изнесува преку 5.000 долари! Најголемиот предизвик со кој американската држава Хаваи се соочува е недостатокот на просветни работници. За оваа професија се потребни околу 1.600 наставници, а најголемиот и најтешкиот проблем е да се задржат овие работници на островот.
На Хаваите, наставниците многу често се менуваат, а најбрзо заминуваат оние кои на островот пристигнале од копно. Според нив, животот на островот е неиздржлив па затоа се преселуваат.
Покрај годишната плата од 56.000 долари, државата исплатува и бонуси во вредност од 6.000 долари на наставниците кои имаат познавање од напредните науки и математиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top