Случајот кој долги години ги прогонуваше браќата Карабатиќ конечно дојде до разврска. Двајцата ракометари добија условна казна и парична санкција за „местенката“ во француското првенство меѓу Сесон и Монпелје.
Француските ракометни легенди, заедно со уште 14 други имиња добија условни казни ќе мора да платат казна. Судот одлучи браќата Карабатиќ да платат вкупно 20.000 евра, како и да добијат по двомесечна условна казна.
На листата na судот исто така се најдоа и Младен Бојиновиќ (20.000 евра + четиримесечна условна казна), Драган Гајиќ (20.000 евра + двомесечна условна казна), Самуел Хонрубиа (15.000 евра + двомесечна условна казна), Примож Прост (10.000 евра + двомесечна условна казна) и Исам Теж (20.000 евра + двомесечна условна казна).
Дуелот меѓу двете француски екипи се одигра во 2012 година, а обвинителството тврдеше дека од дуелот се профитирало од 100.000 до 300.000 евра поради резултат на полувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.