| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој го уби Бин Ладен ќе издаде мемоари

Книгата на некогашниот маринец ќе се појави на пазарот на 25 април. Англискиот наслов гласи „The operator”, а како издавач се наведува куќата „Скрајбнер“. Во неа ќе биде опишана целата негова кариера, сосе сите 400 специјални операции во кои учествувал.

О’Нил во 2014 изјави дека тој е војникот кој го убил некогашниот лидер на терористичката организација Ал Каеда. Властите ниту ги потврдија, ниту ги негираа тие наводи. О’Нил е добитник на бројни медали и признанија.

Еден друг поранешен специјалец – Метју Бисонет, кој исто така беше дел од операцијата во Аботабад, вo 2012, под псевдонимот Марк Овен, ja издаде книгата „Не така лесен ден”, во којашто ја прераскажува операцијата за ликвидација на Бин Ладен, но не го кажува името на оној кој го задал „решавачкиот удар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top